Ослободени членовите на екипажот на Ми-17 во Авганистан

Меѓу ослободените е и рускиот навигатор Сергеј Севастјанов.

Шестмината членови на екипажот на хеликоптерот Ми-17 кои беа заробени во Авганистан од страна на Талибанците откако нивниот хеликоптер слета поради хаварија, се ослободени и се наоѓаат во Исламабад, соопшти за РИА „Новости“ портпаролот на Министерот за надворешни работи на Пакистан Мохамед Нафис Закарија.

„Екипажот од шест лица на хеликоптерот на владата на Пенџаб, кој исчезна во Авганистан на 4 август 2016 година, е ослободен и пристигна во Исламабад денеска“, изјави тој.

Меѓу ослободените е и рускиот навигатор Сергеј Севастјанов, додаде тој.

Според Закарија, размената се одржала на авганистанско-пакистанската граница, каде претставници на авганистанските племиња им го предале екипажот на пакистанските старешини, по што екипажот бил пренесен во Исламабад.

„Сите членови на екипажот се живи и здрави“, изјави портпаролот на МНР Пакистан. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња