Лукашевич:Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ нема што да бара на Крим

Мисијата работи во Украина и нема да ѝ биде овозможен пристап до Крим, ниту пак процена на ситуацијата на полусотровот како што бараше МНР Украина, рече постојаниот претставник на РФ во ОБСЕ Александар Лукашевич.

Русија нема да им даде на членовите на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ пристап до Крим. Претставниците на Мисијат и самите сфаќаат дека немаат право да работат на Крим, рече Александар Лукашевич, постојан претставник на РФ во ОБСЕ.

„Набљудувачката мисија на ОБСЕ работи на територијата на Украина, а не на Крим. Крим е територија на Русија. За тоа веднаш се разбравме...“, рече Лукашевич.

Претходно Министерството за надворешни работи на Украина се обрати до МНР РФ барајќи да ѝ се дозволи на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ престој на Крим и во Севастопол за да можат нејзините членови по соопштенијата на ФСБ Русија за подготовка на терористички напади на Крим, зад кои стои Министерството за одбрана на Украина, „објективно да ја проценат ситуацијата на полуостровот“. Претседателот на Украина Петро Порошенко бараше од дипломатскиот ресор да го постави прашањето за зајакнување на присуството на Мисијата на ОБСЕ на границата со Крим.

„Во ОБСЕ нема да биде разгледувана можноста за обезбедување пристап до Крим за Мисијата“, нагласи Лукашевич.

„При продолжувањето на мандатот на Мисијата ние секогаш инсистираме да се внесе толкување и да се дефинира дека таа дејствува на територијата на Украина, но не и на Крим, кој е дел од Руската Федерација. Ние тоа секаде го забележавме“, додаде Лукашевич, пренесува РТ на руски

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња