Русија со проект од 240 милијарди долари за поврзување на Сибир и Арктикот

Советот за безбедност на РФ му предложи на потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворкович да го разгледа проектот „Единствена Евроазија“ – создавање нови транспортни коридори кои ќе ги поврзат Транссибирската и Бајкалско-амурската магистрала и Северниот морски пат, пишува весникот „Комерсант“.

Според подготвената документација, проектот „Единствена Евроазија“ ќе ја чини Русија меѓу 220 и 240 милијарди долари. Целта на проектот е создавање услови „за излегување на ново општествено-економско ниво преку подлабоко освојување на Сибир, Далечниот Исток и Арктикот“. Автор на проектот е членот на Руската академија на науки Александар Некипелов, пишува „Комерсант“

Интересен детаљ во планот е употребата на хибридни цепелини „Атлант“. Според мислењето на авторот на проектот, леталата ќе превезуваат товар меѓу Северниот морски пат и Транссибирската магистрала. Цената на еден цепелин, според првичните процени, изнесува околу 30 милиони долари. Притоа, еден цепелин може да замени до пет хеликоптери Ми-8. Првото летало треба да биде изградено до крајот на 2018 година.

Се соопштува дека идејата за „Единствена Евроазија“ била поддржана во Министерството за надворешни работи на РФ, Министерството за одбрана на РФ и Руската академија на науки. Притоа, се наведува дека во буџетот недостигаат средства за реализација на проектот „Единствена Евроазија“, поради што се бараат приватни инвеститори заинтересирани за учество во проектот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња