Ракетниот полк на Крим доби С-400

Медиумите во јули објавија дека Русија, кога ќе ги распореди на Крим најновите ракетни системи С-400, ќе го затвори небото над полуостровот од било какви провокации од воздух и ќе се заштити од „воздушните хулигани“ на НАТО.

Противавионскиот ракетен полк на 4 армија на руското Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана на Крим го доби ракетниот систем С-400 „Триумф”, соопшти прес-службата на Јужниот воен округ.

„Со цел унапредување на професионалноста и практичната обученост на офицерскиот кадар во базата на Наставниот центар на противвоаздушните ракетни сили на руското воздухопловство во Ленинградската област е спроведена повторна обука на единиците за работа на новите модели на противвоздушното ракетно вооружување. На полигонот „Капустин Јар“ припадниците на полкот примија вооружување, воена и специјална техника С-400 во состав на командниот полк на системот и два противавионски ракетни дивизиони”, се наведува во соопштението на Јужниот воен округ, пренесува „Взгљад”.

Како што се истакнува, на полигонот „Капустин Јар” успешно се одржани почетните боеви вежби.

Министерството за одбрана на Русија на 15 јули соопшти дека ќе префрли на Крим ракетни системи С-400.

Медиумите во јули објавија дека Русија, кога ќе ги распореди на Крим најновите ракетни системи С-400, ќе го затвори небото над полуостровот од било какви провокации од воздух и ќе се заштити од „воздушните хулигани“ на НАТО.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња