Во петокот, 12 август, претседателот на РФ Владимир Путин го ослободи шефот на својата администрација Сергеј Иванов од неговата должност и го назначи за специјален претставник на претседателот за прашања за зачувување на животната средина, екологија и транспорт.
Нов раководител на администрацијата на Кремљ е Антон Вајно, кој од 2012 година ја врши функцијата заменик на Иванов. Вајнот истовремено влегува и во составот на Советот за безбедност на Русија.
Владимир Путин го објасни именувањето со барањето на Иванов да биде префрлен на друго работно место. „Со вас многу години работиме заедно. Работиме успешно. Задоволен сум од тоа како ги исполнувате поставените задачи“, истакна Путин на нивната заедничка средба.
Сергеј Иванов беше на чело на администрацијата од 2011 година. Од 2001 до 2007 беше министер за одбрана на Русија, а на претседателските избори во 2008 година го сметаа за еден од најверојатните наследници на Путин.
44-годишниот Антон Вајно е роден во Талин и доаѓа од дипломатскиот ресор. Во 2002 година Вајно работи во протоколот на претседателот на РФ, а веќе во 2007 година е заменик-раководител на аларатот на владата на РФ, каде работи во одделот за прес-служба, информирање и протокол на владата, а од 2008 година е раководител на истиот оддел.
„Со Антон Едуардович (Вајно) се знаеме одамна, уште од времето кога работеше во владата под ваше раководство. Последниве речиси пет години комуницираме буквално секојдневно и јас сум апсолутно убеден дека Антон Едуардович според сите деловни, професионални и лични квалитети е подготвен за оваа работа“, рече Сергеј Иванов за Вајно на средбата со претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче