Украина треба да биде исклучена од ООН и ОБСЕ, затоа што во тие организации нема место за земји кои вршат терор, изјави за РИА „Новости” потпретседателот на кримската влада Руслан Баљбек.
Вчера ФСБ Русија соопшти дека спречило терористички напади на Крим подготвувани од главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина. При акцијата загинаа двајца руски војници. Според медиумите, диверзантите планирале да организираат напади со експлозив во летувалиштата, што требало да го „убие туризмот“ на полуостровот.
„Ги повикуваме сите цивилизирани земји да заземат единствен став и не само да ги осудат украинските власти, туку и неодложно да ја исклучат Украина од ООН и ОБСЕ, затоа што овие организации се повикани да ја одржуваат безбедноста во светот, а не да применуваат агресија против цивилите, како што прават киевските власти“, изјави Баљбек, пренесува РИА „Новости”.
Според него, украинските власти спаднале на ниво на „тероризам против цивили“.
Баљбек истакна дека припадниците на Федералната служба за безбедност на Русија кои го спречија обидот за терористички напад му го покажале на целиот свет „вистинското лице на киевскиот режим“.
„Блокадата на снабдувањето на полуостровот со храна, уништувањето на далеководите – тоа беше загревање. Никого во Киев не го интересираше како ќе живеат луѓето овде, дали децата ќе се смрзнуваат зиме. Нивната единствена цел беше да ги натераат жителите на Крим да се покаат поради својот избор. Но тоа повторно доведе до тоа жителите на нашиот полуостров да ги збијат своите редови. Би сакал да ги видам тие киевски пратеници кои на жителите на Крим ќе им зборуваат колку „Украина ги сака“, колку се „грижат“ за нив украинските политичари – тие само сонуваат нашиот полуостров да биде напуштен и пуст, тоа е нивниот најголем сон“, додаде Баљбек.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче