Една од важните особености на современата уметност е интеракцијата на нејзините видови и жанрови. Играниот филм е мимика на документарниот. Документарниот, пак, прибегнува кон анимација. Артхаусот се спојува со видеоартот. Музичките водеа позајмуваат приоди од видеоартот, од играниот, па дури и од документарниот фил. Мултимедијалните проекти ги користат сите достапни аудиовизуелни техники. На спојот на различните видови и жанрови се појавуваат најинтересните работи кои го развиваат јазикот на филмот и на ликовната уметност.
Меѓународниот фестивал на дебитантски филмови, на видеоарт и на музички клипови „Крстосница на уметноста“ е тука да го поддржи овој важен и плодотворен тренд во работата на авторите-почетници, кои работат на различни видови филмска уметност. На фестивалот учество земаат студенти од руските и странските филмски школи, креативни работилници, институти и универзитети, кои вршат професионална подготовка на специјалисти во сферата на филмската уметност, а исто така и независни автори-дебитанти. На фестивалот се претпочитаат експериментални работи, со кои се одбележуваат уметнички потраги и оригиналност.
Организатор на меѓународниот фестивал „Крстосница на уметноста“ е Институтот за современа уметност од Москва со поддршка на структурите на Россотрудничество.
Во конкурсната програма се вклучени играни, документарни и анимирани филмови, видеоарт, музички клипови, мултимедијални проекти, создадени не порано од 2014 и не подоцна од 20 септември 2016 година.
Максималната хронометража на играните и на документарните филмови не треба да надминуваат 30 минути, на анимираните филмови и на видеоартот – 15 минути, а на музичките клипови – максимум 10 минути.
Работите на конкурсот можат да бидат на кој било јазик, но воедно треба да бидат снабдени со титли на руски или на англиски јазик.
Пријавувањето за учество на фестивалот е во електронска форма, а крајниот рок е до 20 септември 2016 година.
Пријавата за фестивалот може да се добие по електронски пат со упатено барање на и-мејлот: macedonia@rs.gov.ru
Пополнетата пријава треба да се испрати на и-мејл адресата на Фестивалот: film_cross_art@mail.ru. Самата работа може да биде испратена во дигитална форма на и-мејл или да биде даден линк за копирање од страна на организацискиот комитет на Фестивалот на дигитален носител. При пријавувањето потребно е да се достави и фотографија на авторот и кадри од работата пријавена во конкурсната програма.
Жирито, составени од еминентни дејци на кинематографијата, определува победници во следниве номинации:
- Најдобар игран филм
- Најдобар документарен филм
- Најдобар анимиран филм
- Најдобар видеоарт
- Најдобар музички клип
- Најдобар мултимедијален проект
Жирито има право да определи и специјални награди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче