„Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин одржа итен состанок со членовите на Советот за безбедност на РФ, на кој беа разгледани дополнителни мерки за безбедност на граѓаните и витално важните инфраструктурни објекти на Крим поврзано со тоа што специјалните служби на РФ спречија терористички напад на полуостровот. Детално е разгледано сценарио за мерки на антиретористичка безбедност на копнената граница, морската акваторија и во воздушниот простор на Крим“, соопшти прес-службата на Кремљ во четвртокот, пренесува РИА „Новости”.
Исто така на советувањето се детално разгледани и договорите постигнати на меѓународните средби на претседателот на РФ со лидерите на Азербејџан, Иран, Турција и Ерменија. Освен меѓународни теми, учесниците дискутираа и за социјално-економски прашања.
На состанокот присуствуваа премиерот Дмитриј Медведев, шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, директорот на Надворешната разузнавачка служба Михаил Фратков, секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев и директорот на ФСБ Александар Бортников.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче