Рускиот „платеник“ од филм за Сирија на британски „Скај Њуз“ е актер

Улогата на рускиот „платеник Дмитриј“ во документарниот филм на „Скај Њуз“ за војната во Сирија ја игра московски актер Александар Агапов за хонорар од 100 илјади рубли (1500 евра), соопштува телевизијата НТВ повикувајќи се на актерот.

Британската телевизија „Скај Њуз“ објави интервју со лица од Русија кои тврдат дека наводно учествувале како платеници во воената операција на Русија во Сирија на страна на владините сили на Башар Асад. Мажите, кои се претставуваат како Александар и Дмитриј, изјавуваат дека биле најмени од приватната компанија „Вагнер“ која ги испратила во Сирија со воени транспортни авиони, и тие учествувале во борбите за три илјади британски фунти месечно.

Исто така, во филмот тие изјавуваат дека бројот на вкупно загинати руски платеници е 500-600 души, и дека најмалку 50 поранешни платеници „одат по улиците на Москва без документи“.

„Сѐ почна пред неколку месеци. Британска филмска екипа замина за Ростовската област да ги бара припадниците на тајниот „одред на Вагнер“... Зошто токму таму – само Британците знаат. Без да најдат ниеден од нив поради разбирливи причини, странците решиле да вклучат во снимањето локални Козаци. Ние успеавме да стапиме во контакт со еден од нив“, соопштува НТВ.

Телевизијата ги цитира зборовите на Дмитриј: „Побараа да им раскажеме за Сирија, како војуваат нашите таму. Но јас не сакав да се поврзам со нив, и им препорачав едно момче – тој е актер“.

Според информациите на телевизијата, токму така британските сниматели наишле на Агапов, кој игра во московскиот театар-работилница на Олег Буданков.

„Нему му платија за интервју, а текстот за говорот го напишале претходно“, тврди НТВ, повикувајќи се на актерот кој како доказ дека токму тој лично е „темната силуета која раскажува за непостојните руски платеници во Сирија“, презентираше диктафонска снимка од тоа интервју.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња