„По усогласувањето на правниот статус, „Хмејмим“ ќе стане база на руските вооружени сили, таму ќе биде изградена соодветна инфраструктура и нашите војници ќе живеат во достојни услови“, изјави Клинцевич за „Известија“.
„Групата на ВКС може да биде зголемена согласно билатералниот договор, но засега од гледна точна на решавање на поставените задачи силите и средствата кои ги имаме таму се доволни“, додаде сенаторот.
Според неговите зборови, во моментот на испраќањето на ВКС РФ во Сирија, армијата на Асад била мошне сериозно деморализирана и руската помош овозможила обнова на борбената готовност на Дамаск. Разузнавачката и огнената поддршка овозможува успешно да се решаваат задачите поставени пред сириската армија, објасни Клинцевич.
„Русија разбира дека ако не се преземаат мерки, терористичката закана од огромни размери ќе дојде и до неа. Треба нешто да се прави, а не успеваме да се договориме за заеднички дејствија со Западот, затоа ги зацврстуваме односите со регионалните фактори – Сирија, Иран, Ирак“, изјави парламентарецот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче