Постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин е изненаден што Украина сака да дискутира во Советот за безбедност на ООН за ситуацијата на Крим, каде руските специјални служби деновиве спречија терористички напади.
„Тоа беше очигледен акт на саботажа и тероризам. Затоа сум многу изненаден што тие (Украина) го поставуваат ова прашање во СБ ООН“, изјави Чуркин пред почетокот на седницата на СБ ООН, пренесува РИА „Новости“.
„Не занимавајте се со саботажа и тероризам – еве му совет на мојот украински пријател“, изјави дипломатот, коментирајќи ги изјавите на постојаниот претставник на Украина во ООН Владимир Ељченко.
Разгледувањето на ситуацијата на Крим во Советот за безбедност на ООН треба да се одржи во следниве неколку часа зад затворени врати по иницијатива на Украина, која во моментов е непостојана членка на Советот за безбедност на ООН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче