„Гледате ли кој пат го одбраа украинските власти? Патот на теророт! Односно, истиот оној пат кој го одбраа за своите сонародници сега сакаат да го применат на другата страна на границата. Но сигурен сум дека тоа не се нивни одлуки и пораки – зад сетот тоа стои Стејт департментот, затоа што украинските функционери не би имале доволно храброст за слични акции“, изјави Сергеј Аксјонов за ТВ каналот „Русија 24“.
Аксјонов додаде дека се преземаат строги и детални мерки на безбедност. „И претседателот на Русија Владимир Путин издаде указ да се зајакне безбедноста на нашата граница и сигурен сум дека нашите служби ќе можат да ја контролираат ситуацијата и да го обезбедат регионот во потполна мера“, рече Аксјонов.
Копнената граница со Украина и не е толку голема, затоа лесно можат да се преземат мерки за „ниту мува да не може да прелета“, вели раководителот на Крим, а помеѓу другото предлага со диверзантите да се постапи како што земјоделците постапуваат со чавките: „Ги убиваат и ги закачуваат на ограда, за на другите да не им падне на памет да ги загрозат животите на цивилите и воените лица на Крим, во Русија. Тоа никој не го смее! И реакцијата ќе биде адекватна“, ветува Сергеј Аксјонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче