„ВикиЛикс“: Новата пиар-стратегија на Клинтон е насочена против Русија

Сите обвинувања за корупција против Клинтон таа ќе ги префрли врз Русија, објави „ВикиЛикс“.

Новата пиар-стратегија на предизборната кампања на Хилари Клинтон, во случај да се појават нови информации за нејзината поврзаност со корупција, ќе биде насочена кон обвинување на Москва, соопшти сајтот „ВикиЛикс“ (WikiLeaks).

„Кампањата на Клинтон разви нова пиар-стратегија. Сите идни информации за корупција за неа се дело на Русија“, се наведува во објавата на „ВикиЛикс“ на Твитер.

Претходно „ВикиЛикс“ ја објави електронската преписка на Демократската партија на САД.

Штабот на Клинтон ја обвини Москва за нападите врз серверите на демократите. Кремљ одговори на обвинувањата нарекувајќи ги апсурдни.

Основачот на „ВикиЛикс“ Џулијан Асанж изјави дека не постојат докази дека Русија е вмешана во хакирањето на серверитена Демократската партија на САД, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња