Турција гарантира безбедност за руската фудбалска репрезентација

Турската страна им ја гарантира безбедноста на фудбалерите и навивачите на репрезентацијата на Русија на пријателскиот натпревар што ќе се одржи на 31 август во Анталија, соопшти прес-службата на Фудбалската федерација на Турција.

„Се разбира, сигурни сме дека безбедноста на репрезентацијата на Русија и руските навивачи ќе биде обезбедена во целост“, изјави портпаролот на федерацијата, пренесува „Взгљад“.

„Како што е познато, меѓународните натпревари во Турција, особено мечевите од Лигата на шампиони и Лигата на Европа, се одржуваат без никакви проблеми. Последниве 10 години успеавме да постигнеме кај нас да нема било какви проблеми со осигурувањето на безбедноста на клубовите и репрезентациите кои ни доаѓаат на гости“, соопштија од прес-службата на федерацијата.

„Задолжително ќе ги преземеме сите неопходни мерки за обезбедување на безбедноста на натпреварот: со тоа ќе се занимаваат полицијата и приватните структури за обезбедување. Сигурни сме дека натпреварот во Анталија ќе помине без никакви проблеми“, додадоа од прес-службата.

„Обично 700-800 припадници на полицијата и структурите за обезбедување ја обезбедуваат безбедноста на натпреварите на кои учествува репрезентацијата на Турција. Безбедноста на пријателските натпревари на нашата репрезентација обично ја обезбедуваат 400-500 припадници, меѓутоа на натпреварот на кој ќе учествува репрезентацијата на Русија ќе има вкупно околу 1 илјада претставници на полицијата и приватните структури за обезбедување“, изјави портпаролот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња