МНР РФ ја потврдува поддршката на Москва за Ердоган по обидот за воен удар

МНР РФ истакна дека Русија би ги поддржала турските власти дури и ако Ердоган не се извинеше за соборениот Су-24.

Русија би го поддржала претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган по обидот за воен удар дури и без неговото извинување за соборениот Су-24, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, пренесува „Интерфакс“.

„Ќе кажам – да. Покрај тоа, ги поздравуваме чекорите преземени од претседателот Ердоган и целото раководство на Турција во насока на нормализација на нашите билатерални односи“, изјави тој во интервју за весникот „Меѓународен живот“ (Международная жизнь), објавен на сајтот на МНР РФ во средата.

Така тој одговори на прашањето дали Москва би ги поддржала турските власти ако Анкара не се извинеше за соборениот руски авион.

„Такви земји како Русија и Турција, непосредни соседи кои имаат влијание на многу процеси, едноставно не можат да ја испуштат шансата за позитивно градење на односите“, потенцираше Рјабков.

Тој укажа дека по трагедијата со соборениот авион Москва извела определени заклучоци. „Мило ни е за тоа и сметаме дека етапниот развој на односите ќе продолжи во претстојниот период“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња