Јароваја со коментар на изјавите на поранешен заменик-директор на ЦИА

Поранешниот заменик-директор на ЦИА Мајкл Морел во неодамнешно интервју зборуваше за неопходноста од тајни операции за ликвидирање руски и ирански војници на територијата на Сирија.

Шефицата на Комитетот на Државната дума за безбедност и борба против корупцијата Ирина Јароваја смета дека поранешниот заменик-директор на ЦИА Мајкл Морел фактички признал дека „тајните убиства“ се дел од арсеналот на операциите на САД.

„Морел не само што го потврди дуплото дно на политиката на САД во борбата против тероризмот, кога под матните изјави за борба против тероризмот се крие поддршка за терористите, но и даде чудовишно признание за можноста за прикриени убиства од страна на силите на САД, маскирани како терористи за реализација на сопствените деструктивни планови“, се вели во изјавата на Јароваја што ја пренесува „Интерфакс“.

На тој начин таа ги коментираше изјавите на поранешниот заменик-директор на ЦИА Морел за потребата од тајни операции за ликвидирање руски и ирански војници на територијата на Сирија.

Како што истакна пратеничката, парафразирајќи ја познатата поговорка, може да се каже дека „што на активните припадници на ЦИА им е на ум, тоа на поранешните им е на друм“.

„Стејт департментот треба да одговори недвосмислено по тој повод, инаку, постојат основи да сметаме дека поранешниот заменик-директор на ЦИА се искажа дека во активниот план на ЦИА постои ознака „врвна тајна“, потенцира Јароваја.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња