Договорена средба меѓу Меј и Путин

Новиот премиер на Велика Британија Тереза Меј планира да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин во септември во рамките на самитот на Г-20 во Кина, потврди прес-службата на кабинетот на премиерката.

„Тие (Меј и Путин) очекуваат да се сретнат на Г-20 во Кина следниот месец“, се истакнува во соопштението на прес-службата на премиерот на Велика Британија, пренесува „Взгљад“.

„Премиерката ја истакна важноста на односите меѓу Велика Британија и Русија и изрази надеж дека, без оглед на разногласието за некои прашања, тие би можеле да соработуваа отворено и чесно за проблемите кои се најважни за нив“, потенцираат од кабинетот на Меј.

Исто таа се истакнува дека Меј и Путин се согласиле дека британските и руските граѓани се судираат со заедничката закана од тероризам и дека соработката, особено во авијациската безбедност, претставува важен дел од меѓународните напори против тероризмот.

Самитот на Г-20 ќе се одржи на 4-5 септември во кинескиот град Гуанжу на тема „Изградба на иновативна, здрава, заемно поврзана и инклузивна светска економија“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња