„Добро е тоа што откако турскиот ловец мината година го собори рускиот бомбардер повторно дојде до зближување. Но истовремено не мислам дека односите меѓу земјите ќе станат толку блиски за Русија и Турција да создадат алтернатива на партнерството на НАТО. Турција е важен партнер на НАТО и треба да остане партнер“, изјави германскиот шеф на дипломатијата во интервју за таблоидот „Билт“.
Претходно портпаролот на МНР Германија Савсан Чебли изјави дека Турција е постојан и важен партнер во системот на НАТО и затоплувањето на односите меѓу Москва и Анкара нема да влијае на улогата на Турција во Северноатлантската алијанса.
Штајнмаер исто така изјави дека Западот трезвено ја оценува улогата на Русија во решавањето на сириската криза. „Ние немаме илузии за улогата на Русија во Сирија. Решавањето на граѓанската војна во Сирија е невозможно без Русија, но исто толку е малку веројатно и без Иран. Саудиска Арабија или Турција“, изјави тој.
Претходно беше соопштено дека Русија и Сирија ќе склучат договор за распоредување на руска авиогрупа во Сирија на неодреден период. Претседателот на РФ Владимир Путин го достави договор за ратификација во Државната дума, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче