Русија доби понуди од повеќе земји за помош на населението на Алепо

На адресата на Министерството за одбрана на Русија веќе пристигнаа конкретни предлози од страна на одбранбените ресори на повеќе земји за давање помош на населението на сирискиот град Алепо.

„Паралелно со реакцијата на заинтересираност од меѓународните хуманитарни организации, на адреса на рускиот воен ресор веќе пристигнаа конкретни предлози за учество на одбранбените ресори на низа држави за укажување помош на населението на Алепо“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на РФ.

Министерството за одбрана на Русија исто така изрази благодарност до Кина и Србија, кои први истапија со поддршка на руско-сириската иницијатива за спроведување хуманитарна операција.

„Сметаме на идни практични чекори од страна на одбранбените ресори на овие држави за поддршка на руските напори за укажување на хуманитарна помош на жителите на Алепо“, се истакнува во соопштението.

Од министерството додадоа дека продолжува активната работа за широка вклучување на меѓународни напори во хуманитарната операција во Алепо што е во тек.

Веднаш по објавувањето на наредбата на претседателот на Русија Владимир Путин за почеток на хуманитарна акција во Алепо, Министерството за одбрана на РФ официјално се обрати до одбранбените ресори на САД, повеќето европски и азиски земји со предлог да се придружат на напорите на руската страна, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња