Руската пливачка Јулија Ефимова го освои второто место на Олимпијадата во Рио во пливање на сто метри градно.
Во финалето Ефимова го исплива растојанието за 1:05,50. Златото го освои Американката Лили Кинг, која истовремено постави и нов олимписки рекорд (1:04,93). Третото место го освои Американката Кејти Мејли (1:05,69), пренесува РИА „Новости”.
Светската рекордерка во оваа дисциплина, претставничката на Литванија Рута Мејљутите беше седма.
Пред стартот на трката публиката ја исвирка Ефимова, сметајќи го за неправедно тоа што таа може да настапува на Олимпијадата.
Во текот на церемонијата на врачување на медалите американските натпреварувачки одбија да ѝ го честитаат на руската пливачка освоениот медал.
Подоцна Кинг се извини за својата постапка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче