Украинскиот оператор на системот за транспорт на гас „Укртрансгас“ изјави дека е подготвен да го зголеми транзитот на руски гас за 20%, на ниво од 275 милијарди кубни метри под услов руски „Гаспром“ да го обезбеди неопходниот притисок во компресорските станици. Ова во вторникот, 9 август, го соопшти прес-службата на „Укртрансгаз“, пренесува ИА „Регнум“.
Претходно портпаролот на „Укртрансгаз“ Максим Бељавски изјави дека украинскиот оператор ГТС веќе добил барање од „Гаспром“ за зголемување на транзитот. Тој потенцираше дека барањето ќе биде задоволено под услов да се исполни наведениот услов и други обврски од договорот. Бељавски изјави дека до тој моментот тие услови не се исполнети.
„Гаспром“ мораше да го зголеми транзитот на гас во земјите на Европската унија преку Украина поради тоа што гасоводот „Северен тек“ времено го запре транспортот поради планирани годишни работи кои ќе траат од 9 до 17 август.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче