Медиум: Зошто Бугарија се досети на енергетската соработка со Русија?

Бугарија повторно ги посака гасоводот „Јужен тек“ и руската атомска централа „Белене“. Што значи тоа и какви врски има Украина со тоа, се прашува новинарот и главен уредник на интернет магазинот „На Линии“ Виктор Мараховски.

Русија и Бугарија се договорија да формираат работни групи за реактивирање на енергетските проекти, вклучувајќи ја и изградбата на гасоводот „Јужен тек“, изјави премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Мината година сѐ се промени кардинално, потенцира Виктор Мараховски.

На 4 август бугарскиот весник „24 часа“ напиша дека Борисов добил зелено светло од Европската комисија за „Јужен тек“ и „Белене“ лично од Жан-Клод Јункер со формулација „под услов на подеднаков пристап на испорачувачите на енергенси до оваа инфраструктура“.

Веќе од 6 август Борисов им се обраќа на сонародниците дека „бугарските политичари мораат да идат единствени околу реализацијата на големите енергетски проекти“. Премиерот исто така потети дека на 17 јуни Бугарија го изгуби судскиот спор во Женева и дека му должи на „Росатом“ 620 милиони евра“. Ако се додадат на тоа сите казнени поени излегува сума од околу 1 милијарда и 200-300 милиони евра.

„Каков заклучок може да се изведе од сето тоа? Пред сѐ, ЕУ не брза да ја реализира „енергетската утопија“ на САД. Второ, ЕУ нема пари да ги покрие последиците од бугарската преданост на западните партнери. И трето: сето тоа зборува дека на Запад веќе никој нема пари ниту какви било стратешки планови за Украина. А сето тоа го објаснува и заострувањето на провокациите на границите на Украина со Донбас и Крим. За раководството на Киев во настанатата ситуација, војната е единствената шанса да привлече внимание и пари“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња