Ердоган: Анкара подготвена да го реактивира „Турски тек”

„Подготвени сме без одлагање да направиме чекори во насока на реализација на овој проект, да го разгледаме и да донесеме одлука. За тоа не постојат пречки“, изјави турскиот лидер.

Анкара е подготвена да ги направи потребните чекори за да ја обнови изградбата на гасоводот „Турски тек“, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

„Подготвени сме без одлагање да направиме чекори во насока на реализација на овој проект, да го разгледаме и да донесеме одлука. За тоа не постојат пречки”, изјави турскиот лидер.

Тој го истакна значењето на соработката со Русија во енергетската сфера, потсетувајќи дека токму таа е главниот извозник на гас.

„Според податоците за крајот на јули 2016 година, обемот на природен гас што го увезовме од Русија беше 12,5 милијарди кубни метри. Тоа покажува колку е Турција важен економски партнер во оваа сфера“, додаде тој, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња