Министер за ВВС САД: Главна закана за безбедноста на САД е Русија

Најголема опасност за државната безбедност на САД претставува Русија, убедена е министерската за Военото воздухопловство на САД Дебора Ли Џејмс. Агресивната политика на Москва, зголемувањето на военио потенцијал и нејзините нелегални дејства во Украина ги натераа САД и нивните европски сојузници сериозно да се вознемират, изјави таа во интервју за „Фокс Њуз“.

На прашањето што претставува најголема закана за државната безбедност на САД, министерката за Военото воздухопловство на САД Дебора Ли Џејмс одговори:

„Мислам дека главната закана е Русија. Русија е еден од малкуте соговорници кои навистина можат да претставуваат реална закана за Соединетите Држави. Се разбира, тие имаат нуклеарно оружје. Последниве години дејствуваа многу агресивно. Тоа нѐ тера да се замислиме, предизвикува вознемиреност кај САД и кај нашите сојузници.

Неодамна бев во Украина. Украина во моментов, се разбира, страда од незаконската анексија на Крим и, се разбира, од различните прекршувања на режимот на прекин на огнот на истокот на земјата. Така што луѓето страдаат, умираат, има уништување. И тоа се случува делумно поради дејствијата на Русија“, изјави американската министерка за „Фокс Њуз“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња