Руски и канадски хемичари открија дека минералите жемчужниковит и степановит, откриени во 1960-те години во рудниците за јаглен на Јакутија, се природен аналог на синтетичките „метал-органски структури“ карактеристични за полимерите, и поседуваат уникатни својства, соопштува РИА „Новости“. Агенцијата цитира научен труд во специјализираното издание на Science Advances.
„Ова откритие во целост ги трансформира нашите претстави за тоа дека овие популарни материјали во хемијата се „чиста“ синтетика, пронајдени од човекот. Нивното откритие зборува за тоа дека во природата можат да постојат уште поголеми резерви на „метал-органски структури“. Ако првите пронаоѓачи на жемчужниковитот можеле да ја определат неговата структура, науката ќе направела скок нанапред за 20 години“, изјави Томислав Фришкич од Универзитетот Мекгил (Канада).
Фришчис и неговиот колега Игор Хускич проучувале еден од каталозите со минерали, издавани од канадските геолошки организации. Така наишле на описот на два необични органски минерали – степановит и жемчужниковит, откриени од советски геолози во 1940-те и 1960-те години во еден од ископите на јаглен во Сибир. Се покажа дека танките полупроѕирни жили или кристалите од „зелено“ стакло биле богати со природна оцетна киселина која се среќава крајно ретко и дека може да се сретне само во услови на вечен мраз.
Научниците утврдиле дека структурата многу ги потсетува на тнр. метал-органски структури – сложени полимерни материјали, кои според својата структура наликуваат на саќе, поседуваат многу висока порозност и цврстина. Во денешно време метал-органските структури се користат за производство на филтри, способни да го апсорбираат јаглеродниот диоксид и да го задржат во огромни количини.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче