Борисов смета на соработка со Русија во сферата на енергетиката

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов истакна дека во најблиска иднина ќе бидат формирани работни групи за испорака на руски гас за центарот „Балкан“, затоа што „не можеме да ги решиме овие прашања без учество на Русија“.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов смета дека ќе ги реши енергетските проблеми на земјата, поврзани со прекинот на изградбата на АЕЦ „Белене“ и гасоводот „Јужен тек’“ со помош на Русија. Ова беше одговорот на бугарскиот лидер на прашањето за перспективите на бугарско-руските енергетски проекти, пренесува ТАСС.

„По вчерашниот разговор со претседателот Владимир Путин станав поголем оптимист. Претседателот беше со многу добри намери. Имајќи ги предвид постојните проблеми сметав дека нашиот разговор ќе биде многу потежок“, рече Борисов.

Премиерот на Бугарија истакна дека во најблиска иднина ќе бидат формирани работни групи како за изградбата на АЕЦ „Белене“, така и за перспективите за изградба на центарот за дистрибуција на гас „Балкан“ за испорака на руски гас за него, затоа што „не можеме да ги решиме овие прашања без учество на Русија“.

Како што претходно соопшти прес-службата на Кремљ, претседателот на РФ Владимир Путин имаше во петокот телефонски разговор со премиерот на Бугарија Бојко Борисов. „Беа разгледани актуелни прашања од билатералната соработка со акцент на реализацијата на заедничките проекти во сферата на енергетиката“, истакнаа од прес-службата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња