Бондарев: ВКС РФ го „кршат ’рбетот“ на меѓународниот тероризам во Сирија

Командантот на Воздушно-космичките сили на РФ, генерал-полковник Виктор Бондарев во саботата изјави дека, благодарение на грижата на раководството на земјата, ВКС РФ станаа најсилниот вид војска на Вооружените сили на Русија, кои му го „кршат `рбетот“ на тероризмот во Сирија.

„Благодарение на грижата на раководството на земјата ВКС станаа најмоќниот вид вооружени сили. Ние навремено ги добиваме најновите примероци вооружување и воена техника“, изјави Бондарев, пренесува РТ на руски.

Тој истакна дека благодарение на навремената обнова, ВКС РФ помагаат „да се скрши `рбетот“ на меѓународниот тероризам.

Командантот на ВКС РФ додаде дека Армиските меѓународни игри и „Авиадартс“ помагаат мирно и најефикасно да се покажат можностите на најновите борбени авиони и хеликоптери.

Видеото од финалето на Меѓународниот натпревар „Авиадартс“ можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња