„Новите руски системи за огнена моќ во моментов ги надминуваат нашите за една третина или повеќе. Тие ја усовршија нашата артилериска технологија“, пишува Скејлс.
Скејлс исто така потенцира дека „зоната на дострел на еден руски артилериски дивизион од тешки артилериски системи е пет пати поголема од онаа на американски баталјон со систем за баражен оган, кој користи обични високоексплозивни борбени делови“. Како најдобра на светот Скејлс ја наведува и руската технологија за радиоелектронска борба.
„Стратешките беспилотни летала на САД кои вршат удари врз терористите и се управуваат од воените бази во Невада се посовршени од руските. Сепак руските тактички беспилотни летала кои ја коригираат артилеријата, според квалитет и квантитет ги надминуват нашите“, додава генералот во статијата за „Вашингтон Пост“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче