Пратеникот во Врховната рада на Украина Евгениј Мураев изјави за телевизијата „112 Украина“ дека Киев нема никакви докази за присуство на руска војска во Донбас. Тоа беше неговиот одговор на тврдењата на водителката дека „некои активни руски војници“ гинат на југоистокот на Украина, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
„Слушнав за милион докази, ајде тогаш да му ги покажеме на светот. Европа признава само такви докази. Пред месец дена поставив пратеничко прашање, кои регуларни руски единици учествуваат во војната во Донбас. Според важечките закони парламентот веќе требаше да ми одговори. Меѓутоа, ниту Службата за безбедност на Украина, ниту Министерството за одбрана не ми доставија одговор, ниту му ги покажаа на светот. Сите знаеме од телевизиските екрани дека тие се наоѓаат некаде. Па добро, покажете каде се“, рече Мураев.
На тој начин тој призна дека митската закана од „руска интервенција“ за која Киев постојано зборува не е ништо друго освен тврдење без основа, пишува ТВ „Ѕвезда“. Украинскиот претседател Петро Порошенко повеќепати ја обвинуваше Русија за воена вмешаност. Тој на почетокот на јули изјави дека Украина исполнила 95% од обврските кои произлегуваат од „Минската спогодба“. Меѓутоа, од Донбас секојдневно пристигаат соопштенија за гранатирање на украинските вооружени сили на цивилното население и неговото страдање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче