Сириски терористи ги имаат телата на загинатите Руси од соборениот Ми-8

Претходно непозната група „Општ фонд за затворенички прашања“ предлага размена за затвореници во сириските затвори и прекин на блокадата од страна на владините сили на Дамаск и неговите сојузници.

Претходно непозната група изјави дека ги има телата на петтемина Руси од соборениот воен хеликоптер Ми-8 во Сирија и предложи да ги даде во замена за ослободување на затворениците во сириските затвори, соопштува агенцијата „Ројтерс“.

„Општ фонд за затворенички прашање“ е групата која е подготвена да ги размени телата на загинатите под услов да бидат ослободени затворениците од затворите контролирани од сириските власти, како и затворениците на „Хезболах“. Притоа групата не ги прецизира имињата и бројот на оние кои сака да бидат ослободени.

Освен тоа, „Фондот“ бара прекин на опсадата на сириската армија и нејзините сојузници на некои реони и испорака на хуманитарна помош во тие области.

Како доказ дека телата на трите членови на екипажот и двајцата војници се наоѓаат кај нив, групата презентираше идентификации кои, како што тврди таа, им припаѓаат на загинатите.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња