Путин: Да не се делат терористите на „добри“ и „лоши“

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека е недозволива употребата на двојни стандарди во борбата со тероризмот: не смее да се делат терористите на „добри“ и „лоши“, недозволиво и крајно опасни се обидите за искористување на терористички или екстремистички групи за политички или геополитички интереси.

Путин потенцираше дека неодамнешните терористички напади уште еднаш покажаа дека отпор на тероризмот може да се даде единствено заеднички, со координативна улога на ООН, пренесува РИА „Новости“.

„Особено ќе потенцирам дека неодамнешните терористички напади, извршени во различни региони во светот, уште еднаш покажуваат дека спротивставувањето на тероризмот е можно единствено заеднички, потпирајќи се на нормите и принципите на меѓународното право, со координативна улога на ООН. Овде не треба да има двојни стандарди, не смее да се делат терористите на „добри“ и на „лоши“. И, се разбира, недозволиво и крајно опасни се обидите за искористување на терористички и радикални, екстремистички групи за политички или геополитички интереси’“, изјави Путин во интервју за азербејџанската информативна агенција „АзерТАџ“ пред патувањето во Азербејџан за учество на средбата на лидерите на Азербејџан, Иран и Русија.

Претседателот на РФ потсети дека токму овие принципи Русија, Иран и Азербејџан активно ги промовираат во меѓународната заедница и се стремат максимално да ја прошират и зацврстат мултилатералната соработка како на политичко ниво, така и по линија на органите на редот и мирот и специјалните служби.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња