На прашањето на новинарите како Москва ги оценува таквите остри изјави и дали Русија им верува на САД по прашањето за сириското регулирање, помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков одговори: „Кога ние даваме изјави од таков вид, тогаш внимателно ги одмеруваме можните последици“.
Претходно заменик-претседателот на Комитетот на Државната дума за меѓународни работи Александар Романович истакна дека во обвинувањата на американскиот претседател нема ништо изненадувачко, затоа што во целиот свет е тренд да се критикува Русија во сите сфери – од спорт до политика.
Од своја страна, првиот заменик-претседател на Комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич ги објасните нападите на Обама со тоа што го вознемирува ефикасноста на дејствијата на ВКС Русија во Сирија и зацврстувањето на власта на сирискиот претседател Башар Асад. Клинцевич потсети дека отстранувањето на Асад од власт останува една од главните цели на САД, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче