Кремљ меѓу 30 места во Европа кои треба да се видат барем еднаш во животот

Московскиот Црвен плоштад се најде на листата од 30 места во Европа кои мора да се видат барем еднаш во животот.

Кремљ влезе во топ-30 места во Европа кои треба да се видат барем еднаш во животот, пишува британскиот весник „Телеграф“, соопштува официјалниот сајт на управата на Москва.

„Црвениот плоштад на Москва влезе во списокот на 30 најистакнати знаменитости на Европа кои треба задолжително да се видат во животот“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека експертите кои ја составуваа листата се воодушевени од необичната историја на плоштадот: таму на времето имало егзекуции, се одржувале паради и демонстрации, а денеска таму се наоѓаат Кремљ, мавзолејот на Ленин, храмот „Св. Василиј Блажени“ и ГУМ.

На листата се најде и петербуршкиот „Ермитаж“. Меѓу другите европски знаменитости се вбројуваат Сикстинската капела, Ајфеловата кула, Акропол, Кулата во Пиза, Бранденбуршката капија, Колосеумот во Рим, Венеција, Версај и други. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња