Ердоган објасни зошто му напиша писмо на Путин

Во регионот во кој ги играат клучните улоги, односите меѓу Турција и Русија се од огромно значење, рече Реџеп Таип Ердоган во интервју за телевизијата ТРТ.

„Помеѓу Турција и Русија се случи несаканиот инцидент со авионот, а неговите негативни последици траеја осум месеци. Потоа ние напишавме писмо и предложивме да се прекине тој процес, затоа што односите меѓу Турција и Русија имаат огромно значење за регионот. Раскол меѓу двете главни земји во регионот и нивно дистанцирање воопшто не е во ред. Проблемот треба да се решава. Освен тоа, ние изразивме жалење по повод она што се случи, и добивме потврден одговор“, рече шефот на турската држава во интервју за телевизијата ТРТ.

Потсетувајќи на претстојната средба со Владимир Путин во Санкт Петербург, закажан за деветти август, Ердоган рече дека надворешната политика на Турција не треба да се заснова на принципот на „отфрлање на еден и фаќање за друг“.

Односите меѓу Москва и Анкара се влошија по соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија. Клучниот настан по кој започна нормализацијата на односите беше писмото на турскиот претседател во кое тој упати извинување до руската страна, пишува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња