Четириесет и четвртиот претседател на САД Барак Обама денеска го слави својот педесет и петти роденден, а рускиот претседател по тој повод му испрати роденденска честитка, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.
Одговарајќи на новинарско прашање дали претседателот Путин му испратил честитка на Барак Обама по повод 55 роденден на американскиот лидер и дали наскоро е планиран телефонски разговор меѓу двајцата претседатели, Песков рече:
„Да, претседателот испрати телеграма. Телефонски разговор засега не е во распоредот“, нагласи Песков, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче