Медиум: Руските медиуми се можеби пристрасни, но западните не се подобри

Медиумската манипулација во пропагандистички цели не е прерогатив на оние кои Западот ги смета за непријатели и е многу пожелно критички да се доживуваат сите медиуми, вклучувајќи ги и британските, пишува британскиот политиколог и професор по новинарство Пирс Робинсон.

Додека растат тензиите околу Русија, западните медиуми посветуваат големо внимание на она што се опишува како „пропаганда“ на режимот на Владимир Путин. Во „Сан“ читаме за Путиновите гламурозни пропагандистички девојки кои им се спротивставуваат на британските медиуми, згора на тоа, сакаат да ја дестабилизираат Британија, додека „Меил“ предупредува дека Владимир Путин поведе немилосрдна пропагандистичка војна против Британија, пишува Пирс Робинсон, шеф на катедрата за политичко новинарство на Универзитетот во Шефилд.

Неодамна едно оксфордско истражување „докажа“ дека луѓето кои 24 часа ги гледаат  вестите на рускиот ТВ канал RT на англиски јазик најверојатно имаат антизападни погледи. Тонот на статијата е јасен: РТ користи неквалификувани и „нејасни“ експерти кои ги тераат гледачите да му свртат грб на Западот. Смислата на овие истражувања е веројатно во тоа да се предупредат луѓето да не следат странски медиуми поради стравот дека на некој начин ќе ја предадат својата земја.

Меѓутоа, продолжува британскиот професор, какво и да е влијанието на РТ врз западната публика, проблемот на горенаведениот аргумент е што води директно во замката дека руските медиуми се доживуваат исклучително како оружје на непријателот, пропаганда и лага, додека, наводно, „нашите медиуми се објективни и вистинити“.  „Згора на тоа, се добива впечаток дека нашата влада работи исклучително преку односите со јавноста, стратешките комуникации и јавната дипломатија, додека руската – само преку пропаганда.“

Ниедно од овие тврдења не е академски потврдено, истакнува Робинсон, додека, на пример, истражувањето на однесувањето на британските медиуми во текот на инвазијата на Ирак што беше спроведено од Универзитетот во Манчестер, откри дека мнозинството медиуми работеле на тоа да ги засили официјалните погледи, а не да им спротивставува било што.

„Може свесно да се заклучи дека западната публика е жртва на пропагандистичката кампања која ја користи заканата од тероризам во желбата да се решат другите проблеми“, истакнува британскиот експерт. „Пропагандата и измамата не се нешто што им припаѓа само на незападните земји, тоа е нешто мошне живо и во западната демократија.

Ова време е мошне конфузно за медиумската публика, и спрема медиумите мораме да имаме однос кој бара многу повеќе од било кога. Првиот чекор на патот да се стане подобро информиран е да се заборави дека никој не манипулира со нашите влади и медиумите во нашата земја.

Вториот чекор е признанието дека корисните нешта можат да се дознаат од различни извори – вклучувајќи ги и оние кои се опишуваат како пропаганда: Русија денес (Russia Today), „Ал-Џезира“ и „Прес ТВ“ не смеат да идат нешто забрането во Британија. Мораме исто така да размислиме и за истражување на алтернативни вести и информативни сајтови како што се „Медиа Ленс“ (Media Lens) и „Спинвоч“ Spinwatch. И мораме повеќе да знаеме за стратегиите за манипулација кои ги користат сите власти за да формираат мислење и да диригираат со него. Може да се каже дека овие чекори не се воопшто лесни и одземаат многу време, но времето во кое живееме бара и влоговите од дена на ден се сѐ поголеми. Повеќе од било кога е потребно публиката да биде информирана и да се заштити од манипулации.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња