Ликвидиран терорист вмешан во соборувањето на авионот А321

ЦИА потврди дека е ликвидиран терорист вмешан во соборувањето на рускиот патнички авион А321 во Египет.

Разузнавањето на САД ја потврдува ликвидацијата на терорист кој, според информациите на ЦИА, е вмешан во соборувањето на рускиот патнички авион А321 над Синајскиот полуостров минатата година, соопштува телевизијата „Фокс Њуз“ повикувајќи се на разузнавачки извори.

Според изворите на телевизијата, терористот Абу Дуа ал-Ансари бил ликвидиран во околината на градот Ел Ариш во Северен Синај.

Претходно портпаролот на Министерството за одбрана на Египет изјави дека египетската војска го ликвидирале на територијата на Северен Синај лидерот на терористичката група „Ансар Беит ал Макдис“ која, според податоците на ЦИА, е вмешана во соборувањето на рускиот авион во Египет, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња