Киев во моментов не го разгледува прашањето за назначување на амбасадор на Русија во Украина, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Украина задолжена за евроинтеграција Елена Зеркал во програмата на „Петти канал“.
„Тоа прашање е симнато од агендата... Во секој случај така, како што беше поставено. Се разбира (на иницијатива на украинската страна), Украина го реши ова прашање уште во 2014 година со отповикување на амбасадорот. Кај нас работи времен повереник и бидејќи сме ограничени во Русија за нормална работа, сметам дека тоа никако не влијае (на односите меѓу земјите)“, изјави таа.
Според неа, улогата на претходниот амбасадор на РФ (Зурабов) во формирањето на односите била минимална.
Претседателот на Русија Владимир Путин на 28 јули го ослободи од функцијата амбасадор на РФ во Украина Михаил Зурабов, а на негово место го назначи за времен повереник Сергеј Торопов.
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Москва побарала од Киев агреман за новиот амбасадор Михаил Бабич, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче