Загајнов на тој начин одговори на уште еден пакет обвинувања од украинскиот претставник во УН Владимир Елченко кои тој ѝ ги упати на руската страна на седницата посветена на децата и вооружените конфликти, пренесоа медиумите.
Претставникот на Киев рече дека на истокот на Украина од почетокот на конфликтот, зад кој тој е уверен дека стои Русија, се убиени 68, а ранети 186 деца. Тој исто така наведе податоци на украинската страна според кои во Донбас се користат 39 училишта, градинки и други детски установи во воени цели. Според неговите зборови, зградите во кои се наоѓаат тие установи се претворени во касарни, утврдени воени објекти и магацини со оружје и муниција.
Независно од тоа колку украинската делегација сакаше да ја префрли вината врз Русија за страдањето на населението на Донбас, вклучувајќи ги и децата, факт е дека тоа е резултат од воената операција што ја почна Киев против југоистокот на Украина, нагласи Загајнов.
Според него, без оглед на вербалните тврдења за преданоста кон „Минската спогодба“, воените дејствија на украинската војска и понатаму не престануваат.
Заменикот на постојаниот претставник на Русија во ОН укажа на податоците на Специјалната мисија за мониторинг на ОБСЕ според кои во периодот од 12 до 20 јули оваа година населените места кои се под контрола на донбаските бунтовници е 15 пати гранатирана од насока каде се наоѓаат позициите на украинските вооружени сили.
Гаѓани се станбени објекти, училишта, гасоводот, далеководот. Меѓу загинатите и ранетите има и цивилно население. Анализата на извештаите покажува дека на гранатирање на населените места во Донбас од правец на позициите на украинските сили отпаѓаат 70% од сите артилериски напади, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче