Германскиот весник „Билд“ пишува дека во подмосковскиот град Подолск се пронајдени дневниците на Хајнрих Химлер, командантот на СС единиците и Гестапо, една од најмоќните личности во Третиот рајх и творец на Холокаустот, за кои се веруваше дека се загубени.
Во воениот архив се откриени над илјада страници од дневникот во кој Химлер го опишува своето секојдневие, пренесува телевизија Рен.
Во пронајдените дневници се регистрирани настани од 1938, 1943 и 1944 година.
Во белешките од 1943 година Химлер пишува како во утринските часови го надгледувал функционирањето на гасните комори во концентрациониот логор Собибор, а во вечерните вечерал во друштво на офицери.
Истражувачите потрошија неколку месеци на проучување на Химлеровите дневници за кои утврдија дека претставуваат документ од исклучително историско значење.
Според она што може да се заклучи од дневниците, мрачниот шеф на СС и Гестапо бил контрадикторен човек кој планирал и наредувал масовни егзекуции, додека спрема семејството, пријателите и познаниците бил неверојатно грижлив и внимателен, пишуваат медиумите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче