„Слушнавме сигнал кој е упатен до Москва од самиот врв на американската политичка и административна пирамида дека по завршувањето на истрагата за околностите на наводните хакерски напади која се спроведува од страна на соодветните структури, можат да бидат преземени контрамерки. Ние исто така ги гледаме коментарите на другите официјални претставници на САД кои се наоѓаат на пониските скалила како дискутираат за природата на таквите евентуални мерки“, изјави Рабков.
Во врска со тоа, според неговите зборови, „се споменуваат и екстериторијални, незаконски од наша гледна точка санкции кон кои САД прибегнуваат по секој повод, и тоа веќе на ниво на инстинкт“.
„Тоа е жално. Затоа што земја која се позиционира себеси како суперсила, впрочем, не без основа, но притоа се смета себеси за врховен светски судија, треба барем, според мене, да спроведува покомплексна, сложена, промислена, интелигентна политика, каде такви рефлекси како кај кучето на Павлов не треба да има“, додаде Рјабков, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче