РФ не планира да реализира офанзива и напади врз Алепо, други цели освен хуманитарни Москва нема, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков.
„Има шпекулации во однос на нашата хуманитарна операција (во Алепо), ни припишуваат непостојни цели. Одново ќе повториме дека никакви други цели освен решавање на хуманитарните проблеми на населението на Алепо и создавање услови за проширување на прекинот на борбените дејствија немаме“, изјави Рјабков, пренесува РИА „Новости“.
Тој потенцираше дека „не се планира никаква офанзива ниту на сириските сили, ниту напади на руската група на ВКС врз Алепо“.
„Апсолутно лажните и штетни толкувања на нашите дејствија и намерите се даваат од определени кругови во Вашингтон“, додаде заменик-министерот Рјабков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче