Песков за „можната оставка на Медведев по изборите“

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација ја оцени информацијата за можна оставка на руската влада како „гледање на кафе“.

„Вежбите на тема претстојна оставка на владата не се нови ниту во нашите политички кругови, домашните, ни во странство. Знаеме дека редовно гледаат на кафе, со помала или поголема веројатност предвидуваат оставка на одделни членови на владата, на кабинетот на министри во целина, на премиерот, на други луѓе“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на Песков.

Но во слични шпекулации повеќе не верува никој, додаде портпаролот.

Претходно весникот „Фајненшел Тајмс“ пишуваше дека парламентарните избори кои ќе се одржат во Русија на 18 септември ќе ја променат структурата на власта. Претседателот на Русија наводно по изборите ќе направи одредени рокади во владата. Можно е Дмитриј Медведев повеќе да не биде премиер, а на негово место да дојде „некој реформатор“, на пример, поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња