Медиум: САД сакаат да ја оспорат доминацијата на Русија во Црното море

„Првпат по 25 години американската морнариџа ја очекува натпревар меѓу суперсили за превласт на море“, изјави контраадмирал Мајкл Маназир од Воената морнарица на САД

САД се подготвуваат да си ги одмерат силите во водите на светскиот океан со Русија која доминира во Црното море, и со Кина, која гради вештачки острови во Јужното кинеско море, пишува американскиот портал „Дејли Сигнал“

„Првпат по 25 години американската морнарица ја очекува натпревар со друга суперсила за превласт на море”, изјави контраадмирал на Воената морнарица на САД Мајкл Маназир на заседанието на комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом на САД.

Според него, американската морнарица е подготвена да им се спротивстави на овие предизвици во најблиска иднина. Меѓутоа, во долгорочна перспектива позицијата на американската морнарица би можела да се влоши доколку не добие финансии за модернизација на својот состав.

Контраадмиралот исто така претстави план за поддршка на глобалното присуство на воената морнарица. Благодарение на овие планови САД, меѓу другото, успеаја да го распоредат на Блискиот Исток носачот на авиони „Хари Труман”, се вели во извештајот.

Специфичноста на распоредувањето на „Хари Труман“ е неговата позиција: тој се наоѓа во источниот дел на Медитеранот. Американските носачи на авиони не се појавиле во тој реон уште од 2003 година. По операцијата „Ирачка слобода“ во 2003 година, американската воена морнарица не можеше да реализира толку големи маневри.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња