„Многупати имаме зборувано за тоа. Претседателот Путин никогаш немал никакви контакти со Трамп, никогаш не зборувал со него, вклучително и по телефон“, рече Песков за Ен-Би-Си.
„Тоа се однесувана сите негови (на Трамп) соработници – со нив немаме никаква работа“, додаде тој. На прашањето дали имало контакти со луѓето околу Трамп во минатото, Песков исто така одговори одречно.
Москва категорично ги отфрла сите обвинувања за мешање во внатрешнополитичката ситуација во САД.
Минатата недела на интернет се појави видео од прес-конференција во 2014 година на која Трамп изјави дека лично разговарал со Владимир Путин.
Претходно Трамп тврдеше дека никогаш не разговарал со рускиот лидер. „Никогаш немам разговарано со Путин. Ништо не знам за Путин освен дека ќе ме почитува“, изјави милијардерот, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче