Кремљ ги отфрла соопштенијата за примена на бомби со отровен гас во Сирија

Кремљ негира дека во сириската провинција Идлиб биле фрлани бомби со отровен гас.

Кремљ ги нарече „клевета“ соопштенијата за бомби со токсичен гас кои наводно биле употребени во Сирија во реонот каде што беше соборен рускиот хеликоптер, пренесува РИА „Новости“.

„Веројатно, не треба да го адресирате прашањето до Кремљ. Во наведениов случај не располагам, односно немаме информации за тоа како се одвива операцијата. Дотолку повеќе што на такви клевети е многу комплицирано да се реагира, не е секогаш јасно на што се основани, кои се изворите и така натаму“, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков на барањето да ја коментира информацијата на медиумите дека во реонот на соборувањето на рускиот хеликоптер Ми-8 биле фрлени бомби со отровен гас.

Во провинцијата Идлиб на 1 август беше соборен воено-транспортен хеликоптер Ми-8 на руските ВКС откако се враќаше во авиобазата „Хмејмим“ по испораката на хуманитарна помош во Алепо.

Трите членови на екипажот и двајца офицери на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни загинаа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња