ЕУ вознемирена од преговорите за „Турски тек“

Брисел смета дека новиот гасовод ќе ги зајакне позициите на Москва.

Изјавите на Москва и Анкара за можна обнова на проектот „Турски тек“ предизвикуваат вознемиреност во Европската унија, соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се дипломатски извори во ЕУ.

Брисел смета дека новиот гасовод ќе ги зајакне позициите на Москва.

Според мислењето на европските дипломати, по пуштањето во работа на „Турски тек“ Украина ќе остане без статусот транзитна земја за гас во Европа, зависноста на ЕУ од „Гаспром“ ќе се зголеми, а притоа алтернативните испораки на гас од Каспискиот регион ќе бидат запрени.

„Новата дружба меѓу Турција и Русија може да се покаже како проблем ако Русија се обиде да ја замени Украина со Турција“, коментираше висок функционер во ЕУ.

Според изворот, Анкара е заинтересирана за испораки на евтин гас од Русија и, веројатно, ќе има низа проблематични барања од ЕУ.

Во ЕУ со претпазливост ќе ја набљудуваат претстојната средба на претседателите на Русија и Турција, во текот на која може да биде договорена зделка за „Турски тек“, истакнува агенцијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња