Ердоган соопшти за што ќе разговара со Путин

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ероган изјави дека планира да ги разгледа на средбата со рускиот лидер Владимир Путин економската соработка и кризата што настана во руско-турските односи по соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 во ноември минатата година.

„На 9 август ќе бидам во Санкт Петербург, каде на средбата со претседателот на Русија сакам да дискутирам за нашата економска соработка и кризата со рускиот авион за која Турција ја покажа својата чувствителност“, изјави Ердоган, пренесува „Взгљад“.

Претходно беше објавено дека средбата на претседателот на РФ Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се одржи на 9 август во Санкт Петербург.

На 29 јуни Путин и Ердоган имаа телефонски разговор во кој се договорија да преземат мерки за нормализација на односите меѓу двете земји и за лична средба. Путин во разговорот со Ердоган истакна дека извинувањето на турскиот лидер создало предуслови за почеток на обновата на соработката.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња