Властите на Крим: меѓународната блокада е пробиена

Посетата на француските парламентарци значи дека блокадата на Крим е пробиена, изјави вицепремиерот на кримската влада, министер за внатрешна политика, информации и врски на републиката Дмитриј Полонски.

Политичката и информативната блокада на Крим е пробиена дефинитивно по посетата на француската парламентарна делегација, изјави за РИА „Новости“ вицепремиерот на кримската влада, министер за внатрешна политика, информации и врски на републиката Дмитриј Полонски.

Парламентарци на чело со пратеникот во Националното собрание, поранешен министер за транспорт на Франција Тјери Мариани беа во тридневна посета на Крим. Пратениците се сретнаа со првите луѓе на Крим и Севастопол, а исто така учествуваа и во празнувањето на Денот на Воената морнарица.

„Гледаме значителна нерационална и неразумна тврдоглавост за прашањето на Крим од страна на многу власти на водечките европски и западни земји, но таа целосна информативна и политичка блокада која беше претходно формирана за Крим, во голема мера, е пробиена. Затоа, оценките за посетата на француските парламентарци се најпозитивни“, изјави Полонски.

Според него, Кримјаните се гостопримливи луѓе, затоа очекуваат да им дојдат на гости разни странски делегации кои пристигаат на полуостровот со добри намери.

„Крим е максимално отворен за гостите што ни доаѓаат и тие имаат можност да престојуваат не таму каде што ќе ги однесеме, ами таму каде што ќе посакаат. Сето тоа создава апсолутно јасна, разбирлива, транспарентна и објективна слика за денешната кримска реалност“, истакна вицепремиерот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња