Најпопуларна туристичка дестинација за Русите во периодот јануари-мај 2016 година стана Тајланд, соопшти Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР) врз основа на информациите на странските министерства за туризам. АТОР истакна дека податоците не се целосни, пренесува РИА „Новости“.
„На чело на листата се Виетнам (180,2 илјади лица), Шпанија (269,3 илјади лица) и Тајланд (501,8 илјади лица). Вкупниот туристички поток од Русија изнесува 1,732 милиони руски одморџии. Речиси третина од нив патувале во Тајланд“, се вели во соопштението на АТОР.
„Во топ-10 најпопуларни дестинации за Русите во првите пет месеци од годината влегоа (според порастот на туристичкиот поток): Јужна Кореја (60,6 илјади туристи), Бугарија (70 илјади), Израел (102,6 илјади), Финска (114,8 илјади), Австрија (123,3 илјади), Турција (138,2 илјади) и Кипар (171,8 илјади туристи)“, додаваат од асоцијацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче